Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Динамо Загреб покажа позитивни резултати и на повторениот допинг-тест и се наоѓа пред долга суспензија.
За неговата судбина ќе расправа УЕФА на седница на 27 октомври.
Според правилата, ниту Адеми ниту пак Динамо Загреб не смеат да даваат никакви коментари за случајот додека целокупната дисциплинска постапка не биде завршена, објавија од Динамо Загреб на официјалната интернет-страница на клубот.
Хрватските медиуми нагласуваат дека е мала веројатноста за разлика меѓу А и Б тестови при допинг-контрола бидејќи такво нешто се случува во само еден отсто од случаите.