Динамо Загреб на Аријан Адеми пријави четворица позитивни на Ковид-19

Од:

Хрватскиот првак Динамо Загреб има проблеми со коронавирусот. Четворица фудбалери се позитивни на Covid-19 и му се придружуваат на тренерот Зоран Мамиќ во карантин. Имињата засега не се откриваат, а Македонија се „моли“ меѓу нив да не е и капитенот на Динамо, Аријан Адеми.

Се раситнуваат последните десетина дена до историскиот меч на Македонија против Грузија во Тбилиси (12 ноември) за пласман на Европското првенство. Ако Адеми е меѓу позитивните, тогаш многу веројатно дека ќе отпадне од списокот на селекторот Игор Ангеловски.

Динамо Загреб ќе биде значително ослабен за мечот против Волфсбергер во Лигата на Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска меѓу Хајдук и Динамо на „Пољуд“

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

УЕФА официјално го одложи натпреварот АЕК – Динамо, првиот дуел на 15 август во Загреб

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он