АБА лига: Олимпија го победи Будуќност дури по три продолженија

Од:

Кошаркарите на Унион Олимпија со 95:92 го победија Будуќност во еден од двата синоќешни натпревари од 13.коло во регионалната АБА лига. За да стигнат до седмата сезонска победа, на словенечките кошаркари им беа потребни 15 екстра минути, или три продолженија.

Резултатот по четвртини на натпреварот одигран во Љубљана беше: 16:20; 16:10; 11:12 и 17:18. Во продолженијата: 10:10; 12:12 и 13:10.

На другиот синоќешен дуел, Цедевита на свој терен го победи Широки Брег со 90:69. Македонскиот интернационалец Владо Илиевски одигра 7.минути и постигна два поени во победничката екипа.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во саботата ја победи Крка со 92:88.

Другите натпревари од 13.коло во АБА лигата се одиграа во текот на викендот и беа постигнати следниве резултати: Сплит – Задар 75:78, Црвена Ѕвезда – Раднички 87:73, Игокеа – Цибона 94:88, Шолнок – Партизан 70:68.

Табела: Игокеа 11-2 (победи-порази), Партизан 9-4, Црвена Ѕвезда 8-5, Цедевита 8-5, Будуќност 7-6, Раднички 7-6, Унион Олимпија 7-6, МЗТ Скопје Аеродром 7-6, Цибона 5-8, Задар 5-8, Крка 5-8, Сплит 5-8, Широки 5-8, и Шолнок 3-10.

Веќе денеска започнува 14.коло со натпреварот Црвена Ѕвезда – Сплит.

МЗТ Скопје Аеродром својот дуел од ова коло требаше да го одигра денеска, но поради временски неприлики гостинскиот тим Цибона не успеа да допатува навреме во Скопје, па средбата е презакажана за в четврток.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ