Дел Пиеро го одбра Сиднеј

Од:

Легенда на Јувентус Алесандро Дел Пиеро, во залезот на својата кариера одлучи да не се пензионира.

И покрај притисоците од сите страни „Пинтурикио“ не доби „ветерански“ договор до пензија во Јувентус, откако Управата одлучи да му се заблагодари за сето она што во кариерата и го подари на екипата.

Јасна беше желбата на Италијанецот да остане во Јуве, но понуди во текот на целиот овој период не недостасуваа. Најпривлечните стигнаа од Сион, Селтик, Торонто и од Саутемптон.

Сепак, поранешниот капитен на „црно-белите“ одлучи да потпише договор со клуб од Австралија, каде што ќе го носи дресот на Сиднеј. Челниците на тимот и официјално потврдија дека Дел Пиеро е нов фудбалер во А-лигата.

„Претседателот на фудбалскиот клуб Сиднеј, Скот Барлоу, гордо може да објави дека легендата на италијанскиот фудбал Алесандро дел Пиеро ги прифатил условите за соработка, одбивајќи ги сите други понуди кои ги имал. Извршниот директор на клубот Тони Пињата викендов ќе претсојува во Италија каде ќе го реализира најголемиот трансфер во историјата на австралискиот спорт“, стои во соопштението на Сиднеј.

Условите кои двете страни ги договориле не беа дел од комуникацијата со медиумите.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ