16 навивачи на Шкендија добија кривични пријави за инцидентот против Шкупи во Тетово

Од:

Поради присуство на фудбалски натпревар, влегување на терен и прекршување на мерките кои се пропишани за спречување на ширење на Ковид-19, тетовската полиција денеска поднесе пријави за 16 луѓе до Обвинителството.

Процедурата се однесува за навивачи на ФК „Шкендија“ од Тетово кои во неделата, на 16 мај, дошле на градскиот стадион за време на првенствениот натпревар со ФК „Шкупи“.

– Секторот за внатрешни работи Тетово ги идентификуваше и ги повика на службен разговор 16 лица навивачи од тетовскиот фудбалски клуб Шкендија, против кои во координација со Јавното Обвинителство-Тетово ќе поднесе соодветен поднесок. Тие на 16.05.2021 година влегле на теренот на стадионот во Тетово, додека бил во тек натпреварот помеѓу ФК Шкендија- ФК Шкупи и со тоа ги прекршиле правилата за навивање при одигрување на натпревар, како и мерките кои се пропишани за спречување на ширење на Ковид-19, информираат од СВР Тетово.

Од полицијата информираа дека на денот на натпреварот полициски службеници презеле соодветни мерки и активности, при што биле обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши.

Би можело да ве интересира

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски

Марсеј остана без тренер

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Аргентина: Се степаа хулигани и полицијата, се спасуваа деца од стадион

Сензационален гол од 50 метра: Го лобуваше голманот од пола терен

Македонија забележа победа над Малта од 0-2