Жена ќе биде првиот шеф на албанското ФБИ

Од:

Албанското Национално биро за истраги (БКХ), институција во формирање, правена по урнек на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), ќе го предводи актуелната заменик-генерална директорка на албанската државна полиција, Аида Хајнај, која денеска беше предложена на оваа функција од страна на Специјалното јавно обвинителство (СПАК).

Обвинителството во изминатите осум месеци изврши проверка на сите пријавени кандидати и во најтесен избор останаа четворица, меѓу кои и Хајнај. Предлогот на СПАК треба да го потврди Високиот совет за правда.

Националното истражно биро е единствената институција за реформи во албанскиот правосуден систем која сè уште не е формирана.

По назначувањето на директорот на БКХ, СПАК ќе го започне процесот за избор на 60 агенти на оваа структура,која е идентична со американското ФБИ. Поради тоа, раководството и агентите на БКХ ќе бидат на обука три месеци во академијата на ФБИ во Вирџинија.

Првата реакција по предлогот Хајнај да биде прв човек на албанското ФБИ дојде од амерканската амбасадорка Јури Ким.

„Уште еден чекор напред на патот за заокружување на изборната реформа,предлогот за прв човек на БКХ да биде Аида Хајнај. Следниот чекор: обука во ФБИ со најдобрите американски службеници за спроведување на законот. Камен по камен станува ѕид, напиша амбасадорката Ким на Твитер.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов