Заразените со Ковид-19 во Хрватска нема да може да гласаат на избори

Од:

На први јули Изборната комисија на Хрватска делумно ги смени препораките за излез на гласање, но клучната одредба за забрана за гласање за оние кои се заразени со коронавирус остана и ќе биде во сила поради заштита на здравјето на граѓаните, соопштија хрватските власти.

Комисијата, исто така апелираше до граѓаните да ја измерат својата температура во недела наутро, и дека доколку имаат повисока од 37,2 степени и доколку имаат респираторни симптоми карактеристични за Ковид-19, треба да се јават кај својот матичен лекар.

„Секоја друга, поблага мерка што би се обидела да ја постигне оваа цел, би го загрозила здравјето на граѓаните и веруваме дека во овој случај не можеме да зборуваме за „понизок или повисок степен“ на штета за граѓаните“, велат од Комисијата во одговор на невладината организација, Гонг, која ја доведе во прашање уставноста на нејзината одлука за забрана на гласање од страна на оние заразени со коронавирусот.

Во одбрана на својата одлука, Комисијата соопшти дека нејзина обврска е да се обезбеди право на здравје на сите членови на избирачкиот одбор, како и на гласачите, и дека заштитата на членовите кои би контактирале заразените „не може да се обезбеди со маска и нараквици“, јавија хртаватски медиуми.

Инфицираните нема да можат да гласаат на парламентарните избори затоа што на нив им е изречена мерка – изолација, што вклучува забрана за физички контакт со други лица, вклучително и членови на избирачките места.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари