Запленети 70 килограми хероин и упасени десет лица во Косово

Од:

Основното обвнителство во градот Урошевац во југоисточно Косово соопшти дека во полициска акција спроведена денеска се уапсени десет лица и се запленети 70 килограми дрога хероин, јави дописникот на МИА од Приштина.

Уапсените се сомничат дека го извршиле кривичното дело „Неовластена трговија, поседување и дистрибуција на наркотици, психотропни и аналогни супстанци“.

Полициската акција со кодно име „Јама“ е изведена по подолги и обемни истражни дејствија на Обвинителството, Управата за тешки злосторства и Управата за истрага и трговија со наркотици при косовската полиција, се вели во соопштението на урошевачкото обвинителство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама напиша нацрт-план за формирање на ЗСО на северот на Косовo

Курти: Не добив ултиматум од меѓународната заедница

Горан Наумовски

Ескобар: Курти има два дена да одговори на нашите барања

ВИДЕО: Србите од Лепосавиќ и американските војници си ги одмерија силите во влечење јаже

Катерина Павлова-Николовска

Околу 500 турски специјалци пристигнаа во касарната „Султан Мурат“ во Косово

Вучиќ и Курти на средби со Лајчак и Ескобар

Катерина Павлова-Николовска