Западен Балкан погоден од тропски жештини

Од:

Тропски жештини и денеска го зафатија регионот на Западен Балкан, а температурите во повеќето градови ќе надминат 40 степени Целзиусови. 


Во долината на Морача и Зета во Црна Гора метеоролозите најавуваат дека живата во термометарот ќе достигне до 42 степени. 


Според метеоролозите, во повеќето места температурите имаат тропски карактер, а во одредени делови на Црна Гора ќе достигнат рекордна вредност. 


На територијата на Хрватска се очекуваат дневни температури до 40 степени. Во седум часот изутринава температурата на морето во Сплит достигна 27 степени. 


Во Босна и Херцеговина исто така се очекуваат тропски температури од над 40 степени. Во БиХ вчера најтопол град беше Мостар со 39 степени. 


Заладување, според прогнозите се очекува во вторник во вечерните часови, кога ќе почне да дува северен ветер, што би можело да ги спушти тепмературите за неколку степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска