Закани од Москва за Македонија, Бугарија, Романија и за Црна Гора

Од:

Додека ЕУ и НАТО ја поздравија одлуката на трите членки да го забранат летот на Сергеј Лавров за Белград, реакциите во Москва се поинакви. Директорот на државната агенција Роскосмос, Димитри Рогозин преку Твитер го изрази својот гнев кон овие четири земји и им испрати порака.

Имено, тој на Твитер напиша порака која некои ја сфатија како закана, други како гнев, а трети пак како невкусна шега и провокација.

„Она е добро е „Сармат“? Тој нема да бара согласност да лета од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорците кои ја предадоа нашата заедничка историја, како и останатите Швеѓани.

Инаку, Рогозин во своите настапи на Твитер често спомнува балистички ракети, па пред неколку години на Западот му ја честиташе Новата година со Дедо Мраз покрај балистичката ракета.

Исто така, како директор на воено-економскиот сектор и шеф на руската делегација во НАТО, честопати изјавите му беа пропратени со „отровни стрели“ и ги коментираше настаните за односите Русија-Запад, исмевајќи го или критикувајќи го Западот.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски