Захриева: Акциите на руската шпионска мрежа во Бугарија се закана за евроатлантската заедница

Од:

Дејствата на руската шпионска мрежа во Бугарија се закана за целата евроатлантска заедница. Потребен ни е постојан и реален пристап кон Русија и мора да ги браниме нашите вредности – слобода, демократија, владеење на правото, човекови права “.

Тоа го нагласи бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на состанокот на алијасата во Брисел.

Во фокусот на дискусијата беа односите со Русија, бидејќи обелоденувањето на мрежата за недозволено собирање информации во корист на Москва, која работи на територијата на Бугарија, стана една од централните теми на агендата.

Захариева ги извести своите колеги дека Бугарија морала да прогласи уште двајца руски дипломати за персона нон грата за дејствија несоодветни со Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Им благодарам на сојузниците и на генералниот секретар Јенс Столтенберг за изразената јавна поддршка за работата на бугарските агенции за спроведување на законот“, рече министерката Екатерина Захариева. Таа додаде дека Софија ќе продолжи да ги спречува сите обиди за злонамерно мешање во внатрешните работи на Бугарија.

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални