Захарова се извини за Вучиќ, се јави Лавров

Од:

Откако по објавата на Фејсбук за столчето на кое седеше Вучиќ наиде на остри критики и осуда од српските функционери, портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова се извини и кажа дека е погрешно протолкувана.

– Се извинувам, но мојот пост е погрешно протолкуван! Единствено што сакав да кажам е несогласувањето со арогантниот став на „исклучителните“. Триковите на протоколот станаа еден од пристапите кои американските власти редовно ги користат за вештачки да создадат визија за сопствената важност. А тоа е неприфатливо-нагласи Захарова која извинувањето го објави повторно со истата фотографија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ кажа дека потегот на Захарова говори повеќе за неа, за примитивизмот и простаклукот. Тој кажа дека каква и столица да добиел ќе седнел повторно, а можел и да стои додека ги брани српските интереси.

Во меѓувреме Вучиќ се слушна со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, но како што се наведува за разговорот не влијаел потегот на Захарова.

Русија секогаш ќе ја поддржува пријателска Србија, му пренел Сергеј Лавров на српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонскиот разговор.

Со коментар се јави и министерот за одбрана на Србија,. Александар Вулин

-Вучиќ е единствениот државник кој одби да воведе санкции на Русија. Гоилемината на човекот не се мери според големината на столицата на која седи, ниту со големината на силата во чие име говори, туку со големината на храброста на секаква столица да го брани својот народ и пријателите на својот народ.

Вучиќ својот народ, ниту пријателите на својот народ никогаш не ги оставил, не ги навредил ниту понижил. Захарова не навреди сите нас кои и Русија и Србија ги браниме на потешки места од нејзиното на Фејсбук, напиша Вулин.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада