Заедничка порака на верските заедници во Албанија

Од:

Во актуелната состојба во Албанија и низ целиот свет поради пандемијата со Ковид19, довербата во Бога е најсилниот столб на кој може да се потпре човекот. Ова е заедничка порака на претставниците на четирите верски заедници во Албанија за подигнување на свеста за состојбата создадена како последица на коронавирусот и преземените мерки за да се спречи нејзиното ширење.

Баба Едмонд Брахамај,од бектешката, отец Или Дочи,од православната, имамот Газменд Ага,од муслманската и Ѓерѓ Мета,од католичната верска заеднца, преку заедничка видео-порака, апелираа до граѓаните да ги почитуваат преземените мерки и да останат дома.

„Да се сакаме еден со друг, како себе си“ е дел од пораката што подразбира дека останувањето дома и грижата за хигиената е на некој начин е љубов кон другите, бидејќи го спречува ширењето на „Ковид-19“.

Додаваат дека Бог е со Албанците и посочуваат дека се молат за сите оние што се во првите редови на борбата против пандемијата, но и за сите граѓани.

„Поздрав браќа и сестри, драги деца, млади , Албанци каде и да сте, вие не сте сами. Бог е со вас! Нашите срца се со вас! Вашите сакани се со вас, се молиме за вашето здравје, за болните и повредените, за медицинскиот персонал. Останете дома и заштитете го вашето здравје. Не заборавајте ги постарите и сиромашните. Ние сме Албанци и се сакаме, се поддржуваме едни со други,стои меѓу другото во пораката.

Се апелира да се шири љубов,почит и надеж.

„Ајде да шириме љубов, почит и надеж. Да ги отвориме нашите срца едни кон други, да се свртиме кон Бога. Да се сакаме едни со други како самите себе си. Божјата милост, помош и грижа, љубов и мир нека бидат над вас, завршува пораката која заедно ја прочитаа претставниците на четирите верски заедници во Албанија.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија