Забрана за пристап на Фејсбук за вработените во ХРТ

Од:

Директорот на Хрватската радио телевизија, Горан Радман, чија оставка изминатите денови ја бараат новинарските здруженија и Етичкиот комитет, утврди нови правила на однесување на вработените, според кои новинарите нема да можат да бидат активни на Фејсбук.

Тие исто така нема да смеат јавно да истапуваат на социјалните мрежи, а посебно во јавност нема да смеат да ги напаѓаат своите колеги.

– Сите одредби на овој член, кој се однесува на истапувањето во јавност, се однесуваат и на истапувањето на социјалните мрежи. Никому не му е дозволено да ги користи социјалните мрежи или блогови за изразување на лични мислења и ставови, кои би и штетеле на ХРТ или би го предизвикале прашањето за нивната независност или непристрасност, се наведува во Етичкиот кодекс за новинари и креативен персонал на ХРТ.

Исто така на новинарите им е забранет и секаков јавен настап, кој би се сфатил како „напад врз колегите“.

Секој вработен мора да води сметка за објективноста, непристрасноста и транспарентноста. Секоја ситуација, која во работата на вработените би можела да се сфати како судир на интереси (судир меѓу приватниот интерес и интерсот на ХРТ, односно јавниот интерес) задолжително е да се избегне и да се пријави на меродавните служби без одложување.

Според општите правила на Кодексот посебно се истакнува дека вработени не можат да извршуваат приватни работи во работното време.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик