За седум месеци од 2014 година во Бугарија хакирани 54 општински и државни органи

Од:

Во бугарскиот интернет простор во првите седум месеца од 2014 година се регистриани над 1.300 пријави за хакерски напади, што биле добиени од 32.732 интернет адреси, соопшти бугарскиот заменик-министер за транспорт, информациски технологии и информации Камен Спасов на отворањето на меѓународна конференција во Софија.

Повикувајќи се на информација на Центарот за реагирање на инциденти во информативната безбедност  при ;инистерството, Спасов го наведе примерот со вирусот Зевс, што зафатил 54 државни и општински администрации, пет универзитети, девет банки, компаниите ЧЕЗ, НЕК, ЕОН, БТК, како и голем број интернет корисници.

– Улогата на Центарот за реагирање на инциденти во информатината безбедност е да помага во намалувањето на ризиците и да дава помош при управувањето со инцидентите, изјави Спасов.

Тој на конференцијата забележа дека неговото Министерство работи на проширување на можностите на Центарот во правец на поактивно взаемно дејствување со администрациите, со цел да се превенира од заканите кон мрежната и информативната безбедност.

Спасов ја потенцира и потребата од завршување на проектот за национална стратегија за кибер сигурност.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија