За Црна Гора демаркацијата на границата со Косово е завршена работа

Од:

Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ изјави дека за Подгорица прашањето за границата со Косово е „завршена работа“, иако Комисијата на косовска Влада процени дека договорот од 2015 година меѓу двете земји „не е во ред“.

– Прашањето за демаркацијата на границата сега е косовски проблем. Црногорскиот парламент никогаш не го откажал меѓународниот договор и тоа нема да се случи и сега, изјави Дармановиќ, додавајќи дека верува во демократската моќ на косовските институции.

Косовската владина Комисија за обележување на границата вчера до Владата поднесе извештај во кој се тврди дека со договорот постигнат со Црна Гора, Косово губи дел од својата територијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски