Вулин тврди дека добиле информации за криминална група што сака да го убие Вучиќ

Од:

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека добил информации од Европол за постоење криминална група чија цел е атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Откако добивме информација преку Европол, користејќи официјални, официјални облици на комуникација меѓу полицијата, на 14 јануари под ознаката „итно“ од земја членка на Европската унија, Министерството за внатрешни работи на Србија беше официјално известено за постоењето оперативни информации за организиран криминална група што има за цел да го убие српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави Вулин.

Тој наведе дека припадници на полицијата и претставници на Европол покренале акција за откривање на идентитетот на сите членови на таа организација и дека дознале дека на чело е црногорскиот државјанин Радоје Звицер – по кого Србија веќе распишала потерница.

Вулин рече дека истрагата ќе утврди дали Звицер по своја иницијатива ја собрал групата да го убие Вучиќ или добил наредба од „неговиот политички шеф“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Земјотрес во Србија

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари