Вулин: Шпионската афера е сериозна, Политика тврди дека снимката е стара две години и не се работи за српски офицер

Од:

По денешната изјава на премиерката Ана Брнабиќ дека претседателот Александар Вучиќ ќе побара од Военоразузнавачка агенција (ВБА) да „испита можна шпионска афера на регрутирање на српски агенти од страна на руски шпиони“, во Србија медиумите излегоа со два спротивставени става, јави дописникот на Миа од Белград.

Министерот за одбрана, Александар Вулин, изјави дека во изминатите 24 часа со началникот на ВБА Ѓуро Јованиќ, имал повеќе разговори со Александар Вучиќ, кој е врховен командант на вооружениет сили, и дека очекува утре повеќе информации за наводната шпионска афера и дека ситуацијата е сериозна.

-Врховниот командант ги собира информациите и очекувам утре да ги повика и да ги собере сите началници за разузнавање и контраразузнавање, како и началникот на Генералнштабот. Ситуацијата е сериозна и главниот командант ќе донесе заклучоци после темелно и трпеливо разгледување, изјави за Танјуг, Вулин.

-И она што јас лично би додал е дека за мене има одредени работи што се неспорни, но сигурен сум дека зад завесата лежи обидот да се оддалечи Србија од политиката на воена неутралност. Верувам во правдата, разумноста и независноста на Александар Вучиќ во донесувањето одлуки, изјави Вулин.

Од друга страна, весникот Политика излезе со вест дека „шпионската снимка е стара неколку години и дека на неа не се наоѓа српски офицер.“

„Видеото во кое руски разузнавач наводно предава пари на српски офицер е старо неколку години. Покрај тоа, како што дознава Политика, лицето за кое се тврди дека е српски службеник со ранг на офицер не е член на српските безбедносни структури. Со други зборови, тој е цивил кој најверојатно тргувал со деловни податоци“.

Како што денес изјави Брнабиќ, „зборував со претседателот Вучиќ, тој и наложи на Агенцијата за воена безбедност да го испита случајот. Сè уште ги немаме сите податоци, ако се испостави дека е точно, тогаш тоа ќе биде сериозно и проблем за нас.

Случајно или не, како што денес објави РТС, во „Москва во дводневна посета престојува министерот за внатешни работи Небојша Стефановиќ по повод состаноци со високи службеници за безбедносни прашања и се сретна со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев.

-Патрушев ја истакна поддршката за развој на соработката меѓу двете држави во областа на безбедноста, но и за други прашања кои се од национален интерес за Србија. Тој додаде дека за тоа придонесувааат и состаноците на највисоките претставници на Србија и Русија, кои даваат дополнителен импулс и динамика во развојот на односите, соопшти РТС, која додава дека Стефановиќ и Патрушев разговарале и за тековните безбедносни предизвици со кои се соочува целиот свет, вклучително и Србија и Русија, истакнувајќи дека сегашната безбедносна состојба е сложена.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов