Вучиќ вети дека ќе направи од Србија здрава и пристојна држава

Од:

Претседателот на Српската напредна партија Александар Вучиќ, кој официјално доби мандат од српскиот претседател Томислав Николиќ за состав на нова Влада, изјави дека таа ќе биде формирана во најкус можен рок и вети дека во наредните три или четири години ќе направи од Србија здрава и пристојна држава.

Тој вети оти ќе работи совесно и чесно и ќе носи добри одлуки за Србија.

vucicNikolicNovaVlada1

– Никој не добил мандат во потешки услови, особено по лошите одлуки од 2007 и 2009 година, поради што имаме висок дефицит и економијата не функционира, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека земјата навлегува во тешки и сериозни реформи и истакна дека ќе работи за наредните поколенија, а не за наредните избори.

SRBIJA VLADA MANDATI

Во идниот кабинет освет СНП ќе влезат и претставници на коалициите на Социјалистичката партија на Србија и Сојузот на Унгарците во Војводина.

Се очекува социјалистите да добијат најмалку две министерства, а Унгарците во Војводина побарале пет места за државни секретари.

vucicNikolicNovaVlada2

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија