Вучиќ: Србија не е ДХЛ за да го испорача Шешељ во Хаг без процедура

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија не може да го врати лидерот на српските радикали Воислав Шешељ во Меѓународниот трибунал во Хаг, без претходно да ги испочитува сите неопходни процедури, јави Танјуг.

– Србија не е ниту Федекс, ниту ДХЛ, рече Вучиќ по повод одлуката на Апелативниот дом на Меѓународниот трибунал Шешељ да биде вратен во затвор на 26 мај.

Вучиќ рече дека е чудно тоа брзање, имајќи предвид оти Шешељ поминал десет години во затвор без да биде донесена пресуда.

– Какво е тоа брзање сега, ако не е желба да се предизвика политичка стабилизација во Србија, рече тој.

Тој потсети дека Шешељ почнал хемотерапија и ако почине кога ќе замине во САД, „владата или премиерот ќе биде убиец“.

Претседателот на Националниот совет за соработка со трибуналот во Хаг Расим Љајиќ изјави денеска дека не треба да се создава напнатост во врска со враќањето на Шешељ во Хаг.

Тој истакна дека Србија се уште не добила официјално барање од судот и откако ќе го добие, владата веројатно ќе побара некои разјаснувања и дури тогаш ќе одлучи што да прави.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска