Вучиќ не исклучува предвремени избори

Од:

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ, лидер на најсилната партија во владеачката коалиција – Српската напредна партија, денеска изјави дека не ја исклучува можноста за предвремени избори, но се надева дека нема да има потреба тие да бидат закажани, пренесе Танјуг.

Вучиќ ова го изјави на прес конференцијата посветена на актуалната политичка ситуација во земјата, по написите во медиумите дека премиерот Ивица Дачиќ во 2008 година имал контакти со нарко босот Родољуб Радуловиќ, што потоа изродија шпекулации за распаѓање на владеачката коалиција и свикување на предвремени избори.

-Можеме да свикаме избори, но нашата задача е да се обидеме да направиме се што е можно за благосостојбата на граѓаните, рече Вучиќ, подвлечувајќи дека е важно Србија да го добие датумот за почеток на преговорите со Европската унија и привлекувањето инвестиции.

Тој подвлече дека институциите на државата во моментов за прв пат се посилни од секој одделен политичар и затоа граѓаните на Србија не треба да се загрижени од резултатите од борбата против корупцијата и политичката криза, во која се наоѓа земјата.

По повод изјавата на поранешниот претседател Борис Тадиќ дека кога преговарал со Дачиќ за формирање на претходната влада не знаел за неговите контакти, Вучиќ истакна дека сегашната влада знае со кого се среќавал Радуловиќ, но не знае каде се наоѓа.

Тој запраша како криминалецот успеал да исчезне за време кога Тадиќ и неговата Демократичка партија биле на власт и според зборовите на самиот Тадиќ ги контролирале службите за безбедност.

-Веќе никој не може да си помисли дека нештата можат да се заташкаат или дека политичарите можат да влијаат на судовите и обвинителствата. Тоа е важно за иднината на Србија, рече Вучиќ, посочувајќи дека денешната акција на обвинителството, кое нареди да се собираат податоци за контактите на политичари со подземјето, е показател дека институциите во Србија работат сериозно.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија