Вучиќ: На изборите во Косово, „Српска листа“ ја оствари најубедливата победа досега

Од:

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва имаше вонредно обраќање по повод изборите во Косово, во кое кажа дека партијата „Српска листа“ остварила најубедлива победа во својата историја со 98,07 проценти од гласовите на парламентарните избори, односно ги освоила сите 10 места во приштинскиот парламент.

На вонредната прес-конференција, Вучиќ рече дека тоа е порака од Србите на Косово и Метохија дека тие се цврсти, силни и ќе можат да ги бранат своите интереси на Косово.

Претходно, Горан Ракиќ, претседател на „Српска листа“ која е поддржана од официјален Белград, рече дека овие избори се одлучувачки за иднината на српскиот народ.

Според прелиминарните податоци излезоста на вонредните избори на Косово е 44 проценти, а засега во благо водство е „Самоопределување“ на Албин Курти.

Ветевендосја (Самоопределување) е радикална националистичка партија која, според прелиминарните резултати, има и добри шанси за власт, а станува збор за опција која не е особено склона кон Европската унија, пренесува хрватски „Индекс“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Ова е последната вечер на која ќе зборувам како претседател на СНС

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Вучиќ: При напад на Србите на Косово, нема да седиме со скрстени раце

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Додик од митингот во Белград: Да живее Русија

(ВИДЕО) Дачиќ: Дали знаете како светот гледа на народот кој го продава својот лидер

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Луѓето на митингот го фалат Вучиќ: „Само тој и тој, никој друг“

Ана Ололовска

Стотици граѓани од Македонија тргнаа на митингот на Вучиќ: Сендвичи и бесплатен превоз до Белград

Орце Костов