Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Од:

Познатиот еврејски историчар, познат и како нацистичкиот ловец Серж Кларсфелд, им кажа на гласачите, неколку дена пред вториот круг од француските избори, дека доколку се соочат со избор меѓу екстремно десничарскиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен и екстремно левиот конкурент, да ги изберат десничарите.

Тој совет, на Кларсфелд (88), кој го посветил својот живот на изведување на пребеганите нацисти пред лицето на правдата, е спротивен на ставовите на другите еврејски лидери и интелектуалци во Франција кои сметаат дека борбата против Националниот фронт е главен приоритет во вториот круг од изборите.

Кларсфелд во интервју за АП рече дека тоа го рекол затоа што Марин Ле Пен е лидер на партија која ги поддржува Израел и Евреите.

Би можело да ве интересира

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница