Вучиќ: Мислам дека Американците се подготвуваат за напад

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју во емисијата „Прва тема“ на ТВ Прва се осврна на ситуацијата на Блискиот Исток.

„Се надевам дека американската интервенција нема да се случи, а мислам дека ќе се случи. Мислам дека Американците се подготвуваат за напад. Се надевам дека тоа е само закана и дека некаде во меѓувреме ќе се постигне договор. Добро е што Иранците разговараа со Европејците и дека постои надеж дека сè може да заврши со разговор. Не е добро за нас да имаме нестабилност. Не заборавајте дека кога цената на нафтата расте, тоа влијае на сите други производи што зависат од нафтата. Нашиот народ има навивачки став. Некои го поддржуваат Израел, други го поддржуваат Иран. Го видовме неверојатниот успех на израелската надворешна служба, но Иранците се храбар народ. Се надевам дека ќе најдат решение. Ако Иран го заземе Ормутскиот теснец, се ќе оди во пропаст. Сега тие го играат своето второ полувреме“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“