Вучиќ: Имаше обид за насилно заземање на институциите, изборната волја никој нема да ја смени

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ итно свика Седницата за национална безбедност по што им се обрати на граѓаните по нередите пред собранието на град Белград.

„Државата ќе реагира. Никој нема право да им ја руши куќата на граѓаните и да го уништува имотот на нашата држава, а уште помалку да нанесува сериозни повреди на нашите полицајци. Имаме двајца тешко повредени полицајци. Нив ги гаѓаа со коцки од калдрма кои можете да ги употребите да убиете човек.Тој чин беше подготвен. Нашите разузнавачки служби предвидеа се. Направен е обид насилно да се заземат институциите на државата Србија. Сите лица ќе бидат уапсени каде и да се кријат не можат да се сокријат, рече Вучиќ.

Повеќе функционери на власта претходно најавуваа дека знаат за вакво сценарио односно дека зад него стојат странски служби кои сакаат дестабилизација на Србија. Вучиќ вечерва најави дека намерно не реагирала полицијата оо оглед дека знаат и за планот да се рашират немирите односно да дојде до поголем судир. Тој кажа дека државата е подоготвена и да реагира доколку се шити насилството и нема никакви шанси да се смени на сила исходот од изборите.

Тој додаде дека полицајците не возвратиле со насилство, а градот Белград вечерва се уништува поради „валкани политички цели“.

„Затоа дојдов во истата секунда до Претседателството и влегов на главниот влез, само за да им покажам дека не се плашам од ништо. Вие не ни знаете каква огорченоста има кај луѓето во Србија што го направија ова. Ви благодарам на сите за задржување на смиреноста, бидејќи за хулиганите имаме лек. Доколку треба, ќе има брза и ефикасна реакција на државните органи. Видовте дека побегнаа како зајаци кога се појави Жандармеријата“.

Се надевам дека повредените полицајци ќе бидат добро. Утре полицијата ќе се огласи и ќе ги презентира сите докази, а сите што учествувале во тоа ќе ги гониме. Секој ќе одговара за насилничко однесување. Мојата порака до народот на Србија е да не се грижите. Државата Србија е сериозна земја. Ќе ја зачуваме и браниме изборната волја на нашиот народ и демократијата“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ