Вучиќ: Денеска никој не ми се заканува поради функцијата, но отворено ја загрозуваат целата наша држава

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека европските претставници ја повикуваат Србија да биде „на вистинската страна на историјата“, што, како што вели, нема врска со аргументи. Тој додаде дека „ќе бидеме во голема неволја“ доколку не воведеме санкции кон Русија.

„Вие мислите дека би било доволно Србија да каже дека утре ќе воведе санкции кон Русија. Не, пет дена, шест дена ќе не тапкаа по рамо. Така ќе ни направат се што ја обвинуваат Русија дека им прави на другите. Не би било доволно, верувајте ми. На крајот на краиштата, тие би рекле: ‘Или си за иднината или сакаш да бидеш на вистинската страна на историјата’. А таа вистинската страна на историјата нема врска со аргументите, туку дека си на нивна страна. Ако не си на нивна страна, тогаш не си на вистинската страна на историјата“, рече Вучиќ, а потоа дискутираше што значи „вистинската страна на историјата“ од гледна точка на Западот.

„Вистинската страна на историјата ви вели да се откажете од Косово, бидејќи само така ќе добиете мал подарок, иако нема да ви кажеме точно каков ќе биде тој мал подарок, но сепак ќе биде мал. Ако ви текне да одбиете, тогаш сте во неволја. Денеска никој не ми се заканува поради функцијата претседател на Србија, но отворено ја загрозуваат целата наша држава и нејзиниот опстанок“, рече тој.

Според него, Србија ќе ги укине визите што ги бара ЕУ.

„Нема проблем, ќе ги укинеме визите. Но дали мислите дека тоа ќе биде доволно? Нема ни да има вести. Дали треба да воведеме санкции затоа што им пречи што има земја која сака да има слободно мислење и која никому не се заканила“, праша Вучиќ.

Вучиќ додава дека ако има друга земја во неволја, тогаш и на нив им е полесно.

Во последните 23 години не сме биле во толку тешка ситуација, а никому ништо да не направиме“, заклучува Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Вучиќ објави пост за Фицо, па уследија закани по неговиот живот

Горан Наумовски

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски