Вучиќ: Да не бевме посилни, Курти ќе ги нападнеше и Србија и Македонија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е скандал над скандалите, што Албин Курти ја промовирал идејата за „голема Албанија“ во Македонија.

„Тоа што се случи во Северна Македонија е скандал над скандалите. Таму беше промовирана идејата за „голема Албанија“, беа истакнати нејзините симболи, а Курти беше претставен како премиер на сите Албанци меѓу другото“, истакна Вучиќ на ТВ Пинк.

Тој се осврна на преименувањето на улицата Втора македонска бригада во Скопје во улицата Адема Демачи, потсетувајќи дека се работи за човек кој поминал 28 години во затвор, во времето на Тито, кое тогаш било либерално, како најлош и најголем големоалбански идеолог и сепаратист.

Тој истакна дека Демачи му бил ментор и идол на Курти. Вучиќ изјави дека треба внимателно да се слуша што зборуваат.

„Тоа се работи што се загрижувачки. Да не бевме воено толку посилни, толку пати посилни и помоќни во однос на технологијата, оружјето и се друго, знаете ли колку пати Курти ќе го нападнеше секој дел од Србија? Погледнете ја неговата идеологија, тој не би ја нападнал не само централна Србија, туку и Северна Македонија, Црна Гора, а прашање е што би се случило и со Албанија“, предупреди претседателот Вучиќ.

Тој посочи дека има обид Курти да дигне немири со, како што додаде, непримерен молк, односно премолчена поддршка на дел од меѓународната заедница. Вучиќ истакна дека треба да се внимава зошто се обидуваат да ја префрлат вината на Србија, бидејќи Косово е нивно дете.

„Мораме да се обидеме да го заштитиме нашиот народ и земја, да го зачуваме мирот, да прифатиме компромиси, да попуштиме кога е можно, да го зачуваме мирот, но секогаш да ја зајакнеме нашата армија“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино

Предраг Петровиќ

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Насилник од Тетово сакал да убие 17-годишник, со скалпел го исекол кај вратот и десното уво

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Србија не е слуга на Русија или на САД, ние имаме свои интереси“ – порача Вучиќ во Обединетите нации

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград