Втор напад врз канцелариите на Нова демократија во Атина

Од:

Непознати лица неколку часа по полноќ ја нападнаа канцеларијата на Нова демократија во северниот дел на Атина, нанесувајќи материјална штета и предизвикувајќи мал пожар.

Од грчката владејачка партија велат дека ова е втор напад за неколку дена и „претставува континуиран напад врз демократијата“, jави дописничката на МИА од Атина.

– Нека сфатат сите дека ваквите напади не нè повредуваат и Нова демократија ќе продолжи цврсто да се бори за безбедноста на граѓаните, што е од суштинско значење за една демократска држава, соопштуваат од Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски