Војската на Црна Гора ќе има 2.368 војници

Од:

Војската на Црна Гора, според новата организациско-формациска структура, ќе има 2.368 лица во мирновременски, а 5.159 во воениот состав, соопшти црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.

Тој истакна дека организациско-формациската структура и големината на Војската на Црна Гора се концепирани од страна на Министерството за одбрана и Генералштабот на ВЦГ согласно потребите на државата и колективниот систам на безбедност.

– Станува збор за почеток на процесот на комплетна реформа на војската. Согласно стратегиските документи кои ги усвоивме и кои ги усвојуваме во периодот до средината на следната година, ќе создадеме можност војската значително да ја подмладиме, без оглед што во изминатите 15 месеци навистина многу напшравивме на тој план. Во следните пет години ќе зајакнат капацитетите на ВЦГ со цел да биде поефикасна во меѓународните мисии, но уште повеќе, во задоволувањето на потребите на цивилното население, изјави Бошковиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора