Водачот на „Алкатраз“ доби 16 месеци затвор

Од:

Милош Радосављевиќ – Кими, водачот на навивачката група „Алкатраз“ доби 16 месеци затвор поради загрозување на безбедноста на новинарката од Б92, Бранкица Станковиќ.
Тој беше уапсен во скопско кафуле на 21 февруари годинава.

Ова му е втора казна за истото дело откако во 2010 година беше осуден на 6 месеци затвор, но им побегнал на полициските служби во Македонија.
Во јули 2011 година, пристигнал на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид без да го регулира својот претстој и останал.

Инцидентот за кој ми се суди на поранешниот водач на навивачката група „Партизан“ се случил на натпреварот Партизан – Шахтјор кога Кими го водел навивањето, а навивачите пееле „Отровна си како змија, ќе си поминеш како Ќурувија“.
Тие додека ја пееле песната си додававале кукла еден на друг, налик на авторката на емисијата „Инсајдер“. На крајот ја дупнале куклата.

На 8. август 2010 година му била изречена казна од 16, но по жалбата на неговите адвокати Апелацискиот суд во Белград го укина делот на пресудата кој се однесуваше на загрозување на безбедноста на новинарка, а му остана казната од шест месеци за насилничко однесување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на софиските улици: Навивачи предизвикаа „војна“ со полицијата, неколкумина се повредени

Собрани 2.555 евра за казни: Судот во Скопје пушти на слобода 12 навивачи на Левски

Орце Костов

ВИДЕО: Пријател на избодениот Бугарин во Скопје: Полицијата точно знаеше колку коли скршнавме во опасната населба

А1он

Масовно апсење во Русија: Хулиганите со факели за малку ќе запалеа патнички воз

Над 50 навивачи на киевски Динамо уапсени по немирите во Лисабон

А1он

Франција предлага ново фудбалско правило по зачестените навивачки инциденти

А1он