Франција предлага ново фудбалско правило по зачестените навивачки инциденти

Од:

Во рамки на јавната дебата за навивачкото насилство на француските фудбалски стадиони, кое оваа сезона е сè почесто, претседателот на прволигашот Лион, Жан – Мишел Уле, предложи дополнителна замена доколку при навивачки инциденти биде повреден играч.

Со тоа, според него, би се избегнале ситуации натпреварите да бидат прекинати или откажани во случаи на навивачки немири.

– За да се избегне погрешна одлука натпревар да биде прекинат или откажан, можеби е потребно да се воведе правило клубот да може да замени повреден фудбалер, како што во случај при потрес на мозокот екипите имаат право на дополнителна шеста замена. Можеби тоа би го навело повредениот фудбалер да продолжи да игра, напиша Уле на својот Твитер профил.

Пред две недели, беше откажан натпреварот меѓу Лион и Марсеј, откако фудбалерот на гостинскиот тим Димитри Пајет беше погоден во главата со пластично шише полно со вода од трибините.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии