ВО ЖИВО: Хрватска слави за влезот во ЕУ

Од:

Хрватскиот претседател и премиер Иво Јосиповиќ и Зоран Милановиќ на загрепскиот плоштад Свети Марко ги пречекаа шефовите на држави и на влади, со што почна прославата по повод членството на Хрватска во Европска унија.

Министерката за надворешни и европски работи Весна Пусиќ претходно ги пречека министрите за надворешни работи на земјите соседи.

– Ова навистина е историски ден за Хрватска! Мислам дека идните генерации ќе имаат многу подобри услови за живот, изјави претседателот на Саборот, Јосип Леко.

На централниот плоштад Бан Јелаќиќ во Загреб свои обраќања пред граѓаните ќе имаат претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, претседателот на Европарламентот Мартин Шулц и претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо, како и Јосиповиќ и Милановиќ.

На прославата ќе присуствуваат претставници на 27-те земји членки на Унијата, претставници од регионот, меѓу кои и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Прославата ќе заврши на полноќ со огномет во целата земја.

Хрватска поднесе барање за членство во ЕУ во 2003 година, а официјален статус на кандидат доби во 2004 година. Преговорите за членство ги започна во октомври 2005 година, а завршија во 2011 година со потпишување на договорот со Брисел.

Ратификацијата на овој договор од страна на 27-те земји членки заврши во март оваа година.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион