Во Турција почнува дводневна средба на Г-20

Од:

Во турскиот туристички центар Белек, во близина на Анталија, денеска почнува дводневна средба на лидерите на групата најголеми економии во светот, Г-20.

Иако Г-20 вообичаено се фокусира на економските прашања, сепак по терористичките напади во петокот во Париз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара од светските лидери да и дадат приоритет на борбата против тероризмот.

На средбата, меѓу другите, ќе учествуваат претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера телефонски му соопшти на својот турски колега дека нема да учествува на средбата, но затоа ќе бидат присутни министрите за надворешни работи и за финансии на Франција.

Над 30 хотели и зоната во радиус од околу пет километри квадратни во Белек се целосно блокирани за надворешниот свет. За гарантирање на безбедноста за време на самитот се ангажирани повеќе од 12.000 полицајци, најмодерен авион-радар и морски патроли. Над 350 безбедносни камери со системи за распознавање на лица и регистарски броеви се инсталирани во реонот на средбата. Стаклата на прозорците во хотелите се заменети со блендирани.

На дводневната средба ќе учествуваат вкупно 13.000 лица, без да се вбројат претставниците на невладините организации, бизнисмени и 2.500 акредитирани новинари.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски