Во Србија стигна нов контингент вакцини на Фајзер

Од:

Во Србија пристигна нов контингент од 8.190 дози на вакцината за коронавирус произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Министерството за здравство на Србија соопшти дека овие вакцини се доставени до Институтот „Торлак“.

Министерот за иновации и технолошки развој на Србија, Ненад Поповиќ, претходно најави дека 50.000 нови дози на руската вакцина Спутник V треба да пристигнат во Србија на почетокот на оваа недела.

Во вторник во Србија ќе започне процесот на масовна ревакцинација на граѓаните кои ја примија првата доза на вакцината за коронавирус на првиот ден од масовната имунизација на 19 јануари.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

„Кракен“ откриен и во Србија

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа