Во случајот со најтешко отруениот човек во Хрватска биле направени огромни пропусти

Од:

Откако анализите на шишињата ја свртеа приказната за труењето во друга насока со поништување на тезата за масовно труење, фокусот се префрла на единствените два релевантни случаи – оној од минатиот викенд кога маж се здоби со хемиска повреда на хранопроводникот откако испил течност што требаше да биде Ромеркел, но всушност беше силна луга, како и оној на Станко Лаковиќ, чиј хранопровод беше оштетен во мај во ресторан во Риека.

Хрватскиот Индекс тврди дека има сознанија „за неверојатните пропусти во тој случај“.

Како што пишува Индекс, случајот со труењето од мај сериозно почнал да се истражува дури во октомври. Конкретната акција на Државното правобранителство во тој случај започнала дури откако Станко Лаковиќ се појави во медиумите пред месец и половина. Тој вели дека неговата сопруга веднаш по инцидентот повикала полиција, но дека полицијата веднаш не излегла на терен.

Според тврдењата во одговорот што ни го испрати синоќа, полицијата навистина дејствувала во одреден момент по настанот, но потоа од непознати причини сè престанало пишува Индекс.

„Ве известуваме дека ова полициско одделение по спроведени увиди и прибирање информации за конкретниот настан во јуни годинава, пријавило во надлежното општинско државно правобранителство во Риека.

Општинското државно правобранителство во Риека во текот на октомври годинава нареди полицијата да спроведе дополнителни увиди во врска со овој настан. За дејствието по наредба известено е и надлежното државно правобранителство.

Во октомври годинава, полицијата го пријавила истиот настан во Државниот инспекторат, подрачна служба Риека, за да преземе мерки од нивна надлежност“, реагираат од полицијата.

Па така, од полицијата велат дека „по извршени увиди и прибирање информации“ за тој настан, без да прецизираат конкретно што е пронајдено, во јуни го известиле државното обвинителство. Но, велат дека ДОРХ дури во октомври наредил дополнителни инспекции.

За Индекс е потврдено и дека шишето од кое пиел Лаковиќ, по што му изгорел хранопроводникот, никогаш не било земено на анализа. А бидејќи никој не реагирал навреме, никој не знае каде завршило тоа шише. Не само што не е земен примерок од шишето од кое пиел Лаковиќ, туку и од таа серија шишиња воопшто. Државниот инспекторат за случајот дознава од полицијата дури на 23 октомври, кога беше предоцна за сериозно постапување во овој случај.

Инспекторите разговарале само со вработените, кои им кажале за каков пијалок се работи, но не и за која серија и рок на траење. Рекле и дека преостанатата количина на пијалок е потрошена и дека никој немал проблеми. Но, и во новиот случај од Риека, другите шишиња биле здрави, за разлика од она од кое пиел отруениот.

„Примероци од сомнителната серија не се пронајдени бидејќи, исто така, според изјавите на вработените, преостанатата количина од тој пијалок нормално се сервирала на други гости и никој немал никакви реакции. Преку надзор е утврден и добавувачот на производот“, велат од ДИРХ.

За случајот на Лаковиќ денеска малку се зборува, иако во него беа направени неверојатни пропусти, а тоа е најтешкиот случај и повреди кои ќе остават трајни последици пишува Индекс.

Лаура Шумиќ, адвокатката на Станко Лаковиќ, пред неколку дена за Индекс изјави дека нема подобрување во неговата здравствена состојба. Таа потврди дека Лаковиќ и во мај во ресторан во Риека испил шише Ромеркел, како и човекот кој беше отруен викендот.

За здравствената состојба на Лаковиќ вчера зборуваше и шефот на Клиниката за внатрешни болести на КБЦ Загреб и поранешен министер Рајко Остојиќ.

Тој рече дека најмногу го загрижува случајот од мај.

„Штом го испил пијалакот му се разви клиничка слика директно поврзана со пијалокот, со крварење, денес заврши со стеноза, стеснување на хранопроводникот, секоја недела се прави проширување, жив е, но ќе има тежок и комплициран живот, хранопроводникот му е многу тесен“, изјави вчера Остојиќ.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами