Вo северна Грција регистрирани случаи на беснило

Од:

Грчките ветеринарни власти стравуваат од појавата на беснило во северните делови на земјата, соопшти грчкото издание Њуз ин.

Случаи на болеста се регистрираат за прв пат по 1987 година.

Првично се фатени две заразени животни во реонот на Кожани и Костур, а потоа две бесни лисици се датени и во реонот на Кукуш.

Законот предвидува против смртоносната болест да се преземаат мерки во радиус од 50 километри,а меѓу нив спаѓаат и областите Солун и Иматија.

-Беснилото не засега сите нас, а не само животните или ловците, изјави началникот на ветеринарната дирекција во областа Централна Македонија, Јоргос Вафиадис.

Тој ги повика жителите да ги вакцинираат кучињата, мачките, како и овчарските кучиња, кои можат да влезат во контакт со лисици и други животни, кои ја пренесуваат болеста.

Мерките во ваквите случаи предвидуваат и поставување предупредувачки табли во реонот.

Заради зимата црвената лисица се повеќе се приближува до населените места во потрага по храна, што налага да се создаде „биолошка препрека“ против неа со вакцинација, посочува Вафиадис.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески