Во првите девет месеци од годинава дијаспората испратила во Косово над 900 милиони евра

Од:

Централната банка на Косово (ЦБК) објави денеска дека во првите девет месеци од годинава во земјата од дијаспората се стасани парични пратки во висина од 916,2 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Најголемиот износ што го добиле ремитентите во Косово од нивните блиски кои се иселени главно во Западна Европа и САД е забележан во август, кога се регистрирани 131, 6 милиони евра, а карактеристично за тој период е што тогаш се забележани и најголемите поскапувања во секојдневната потрошувачка.

Висок прилив од дијаспората е забележан и во септември, кога се евидентирани пратки во вкупен износ од 114,2 милиони евра.

Споредено со минатата година, сумата која ја добиле косовските ремитенти во првите девет месеци од годинава е повисока за 54,4 милиони евра, односно од јануари до септември 2021 година, од странство во Косово стасале 861,8 милиони евра.

Според статистиките објавени во извештајот на ЦБК, најмногу пратки во извештајниот период имало од Германија, со 38 отсто од вкупната сума, а следат Швајцарија со 17,9, САД со 8,4 и Австрија со 5,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа 200 војници да се приклучат на КФОР на Косово

Во Лепосавиќ: Петмина приведени поради наводно нелегално преминување на административната линија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снајперитст го застрела еден од вооружените Срби на Косово

Koсовската полиција претепа тројца српски момчиња во Зубин Поток: Биле пресретнати на локален пат

(ВИДЕО) Косовскиот министер објави снимка од внатрешноста на вилата на Радоичиќ: Тој е Пабло Ескобар

Предраг Петровиќ

НАТО: Одобривме дополнителни сили за решавање на ситуацијата на Косово

Орце Костов