Во првиот квартал од годината 2.055 луѓе побарале азил во Србија

Од:

Во Србија во првите три месеци од 2014 година 2.055 луѓе побарале азил, од кој најголемиот број се од Сирија – 947, изјави денеска директорот на Центарот за помош на барателите на азил Радош Ѓуровиќ.

Тој истакна дека азилниот систем во Србија и понатаму не функционира, а оти бројот на азиланти се зголемува од година во година.

Ѓуровиќ посочи дека ако трендот на азиланти продолжи нивниот број до септември ќе достигне до 6.000 луѓе, што е повеќе од вкупната бројка од минатата година.

Тој истакна дека покрај Сиријците, азил во Србија во првиот квартал од годината побарале 250 Авганистанци, 237 државјани на Еритреја, 83-ца од Мали, 82-ца од Сомалија и 70 Суданци.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија