Во Њујорк средба Трамп- Мицотакис

Од:

Геополитичките случувања во Источниот Медитеран и привлекување американски инвестиции во Грција, според грчката новинска агенција АНА-МПА, се очекува да бидат темите за кои ќе разговараат претседателот на САД, Доналд Трамп и премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба во Њујорк, jави дописничката на МИА од Атина.

На маргините на самитот на ОН за климатските промени, Трамп и Мицотакис, во 18.30 часот по локално време ќе ја одржат нивната прва средба, на која на почетокот, според истите информации, ќе присуствуваат и сопругите на американскиот претседател и грчкиот премиер.

-Освен традиционалните врски меѓу двете земји, постојат теми од посебен интерес, а Грција одново влегува во радарот на американските инвеститори, спомена извор од владата, а големи компании веќе покажаа интерес, објави грчката новинска агенција.

Кирјакос Мицотакис, ќе присуствува и на приемот организиран од претседателот на САД за странските лидери кои учествуваат на самитот на ОН.

Според информациите на АНА-МПА, отворена е можноста, грчкиот премиер, денес да се сретне и со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, доколку обврските им го дозволуваат тоа и постои слободен термин. Во спротивно, првата нивна средба, ќе се одржи утре.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски