Во масовна гробница кај Глина во Хрватска ексхумирани посмртните остатоци на 56 лица

Од:

По осум дена работа заврши ексхумацијата од масовната гробница кај гробиштата во Горно Селиште, недалеку од Глина, во Хрватска,  а ексхумирани се посмртните остатоци на 56 лица, главно од српска националност, јави Танјуг.

Ексхумацијата ја организира Управата за затворени и исчезнати лица на хрватското Министерство за бранители, пренесе Хина.

На две локации се пронајдени посмртните остатоци на 56 лица настрадани во 1995 година, во текот на акцијата „Бура“, а по хуманата асанација на теренот закопани се на локалните гробишта, соопшти министерството.

Заради идентификација на телата, со метода на ДНА, земени се примероци од сите посмртни остатоци, по што истите се вратени во гробницата до нивната идентификација и погреб во согласност со желбите на членовите на семејствата, пренесе Хина.

Според досега познатите податоци, а се очекува тоа да се потврди и со постапката на идентификација, станува збор главно за цивили од српска националност. Заради тоа на ексхумацијата беа присутни и стручни набљудувачи од Комисијата за исчезнати лица на српската Влада, како и од Меѓународната комисија за исчезнати лица, се наведува во соопштението на министерството.

Како што соопшти Министерството за бранители, со преземањето на досегашните активности во организација на Управата за затворени и исчезнати на ова министерство, ексхумирани се посмртни остатоци на 1.081 лица настрадани во 1995 година, од кои идентификувани се остатоците на 681 лица, пренесе Хина.

Досега се ексхумирани посмртните остатоци на вкупно 5.056 жртви од кои идентификувани се 4.090.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами