Во Косово нови седуммина починати, 296 заболени и 526 излекувани од Ковид-19

Од:

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.399 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа седум од лицата заразени од коронавирусот.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.659 тестови со методот РТ-ПЦР (205.352 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 296 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата достигна до 55.135. Од нив болеста досега ја совладале 88.572 лица, а во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 526 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 5.161 активен носител на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски