Во Косово десет починати, 707 заболени и 550 излекувани од Ковид-19 последните 24 часа

Од:

Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани десет починати и 707 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 550 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 914 од вкупно 34.295 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.

Болеста досега ја совладале 21.043 лица кај кои е откриен вирусот, а активни во моментов, според официјалните податоци, се 12.338 случаи.

Вчера се извршени 1.831, а вкупно досега 131.186 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Повеќе од половина од новозаболените, вкупно 380, се од главниот град Приштина, која е жариште на епидемијата во Косово, со околу 12.700 заразени од појавата на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски