Во Косово четворица починати од Ковид-19 и 733 новозаразени

Од:

Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани четворица починати и 733 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 137 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 777 од вкупно 26.121 лице кај кое е откриен вирусот од појавата на епидемијата.

Болеста досега ја совладале 16.499 лица кај кои е откриен вирусот, а актулени во моментов, според официјалните податоци, се 8.845 случаи.

Вчера се извршени 1.519, а вкупно досега 111.560 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Поради порастот на случаите на заразени и починати од коонавирусот во последните неколку недели, косовскиот премиер Авдулах Хоти најави нови мерки, кои ќе стапат во сила в петок, на 13 ноември.

Меѓу другото, се предвидува карантин и полициски час од 19 до 5 часот во некои од општините со процентуално најголем новозаразени и починати, вклучително главниот град Приштина, кој е најголемо жариште на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане