Во Косово 12 починати, 462 заболени и 536 излекувани од Ковид-19 минатото деноноќие

Од:

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.198 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 12 од заразените од коронавирусот.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека позитивни на коронавирусот, од вчера извршените 1.314 тестови со методот РТ-ПЦР (163.221 вкупно досега), резултирале 462 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 46.580, а болеста досега ја совладале 33.600 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 536 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата во моментот има 11.782 активни носители на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски