Во Истанбул приведени 170 демонстранти

Од:

Полицијата во Истанбул приведе 170 луѓе и заплени рачно изработени бомби, молотови коктели и пиротехнички средства, јави турската новинска агенција Анадолија.

Турската полиција употреби солзавец врз група демонстранти кои денеска се обидоа да се пробијат до плоштадот Таксим во центарот на Истанбул.

Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да протестираат во истанбулските квартови Шишли, Бешикташ, Бејоглу, Зејтинбурни и Бакиркој и покрај тоа што митинзите за 1. мај се забранети.

Кај приведените откриени се голем број рачно изработени бомби, молотови коктели, шишиња со боја, пиротехнички средства, како и документи на терористички организации.

Во Анкара синоќа упасени се четворица осомничени членови на Исламска држава под обвинение дека подготвувале напади за време на првомајските демонстрации.

Собири по повод Меѓународниот ден на трудот – 1. мај, на кои работниците бараа подобри услови за работа и поголеми плати се одржаа ширум светот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа