Во Хрватска се воведуваат построги мерки за спречување на вирусот

Од:

Поради влошената епидемиолошка состојба во Хрватска, донесени се построги мерки за спречување на ширење на инфекцијата, што предвидува ограничено работење на угостителските објекти до 22 часот, намалување на бројот на присутни на јавни собири и одржување спортски настани без публика.

Мерките најавени на денешната прес-конференција на Националниот штаб ќе стапат на сила на 22 ноември и ќе важат до 15 декември.

Бројот на присутни на јавни собири генерално се намалува од 50 на 25 лица, со исклучок на свадби на кои е дозволено да се соберат најмногу 15 лица и семејни собири на кои може да има најмногу 10 лица.

На погреби е дозволено присуство на 25 лица, но не смее да се изрази сочувство со блиски контакти.

Спортските натпревари ќе се одржуваат без публика и со почитување на мерките.

Од понеделник сите угостителски објекти ќе бидат затворени од 22 часот, а за време на работата ќе мора да имаат јасно наведени упатства за максималниот број присутни.

Известувањата за бројот на присутни луѓе во продавниците, исто така, мора јасно да бидат прикажани, а таму каде што се организираат посебни акции и попусти, мора да се преземат дополнителни мерки поради поголемиот број купувачи.

Од 22 до 6 часот наутро, забранета е продажба на алкохол на киосците и бензинските пумпи.

Новите мерки вклучуваат обврска на работодавачите да организираат работа од дома кога е можно, односно работа во смени.

Ограничувања на бројот на присутни се предвидени и за мисите, кината и другите културни и јавни настани, каде што бројот е ограничен во зависност од големината на просторот, така што секое лице треба да има четири метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари