Во Хрватска од коронавирус починаа 18 лица, а над илјада се новозаразени

Од:

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.413 новоинфицирани од Ковид-19 и рекордни 18 смртни случаи.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 11.311, додека 897 пациенти се на болничко лекување, од кои 57 се на одделенијата за интензивна нега.

Од 25 февруари до сега, во Хрватска се евидентирани вкупно 38.621 заразени лица.

Во земјата, од Ковид-19 починале вкупно 470 лица, а 26.840 заздравиле.

Во моментов има 27.720 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 457.726 лица, од кои 8.185 во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари