Во Хрватска една третина од здравствените работници не се вакцинирани

Од:

Од 74.260 здравствени работници во Хрватска, 32,33 проценти од оние кои работат со пациенти секој ден не примиле ниту една доза од вакцина против Ковид-19, објави Јутарњи лист.

Како што се наведува, 63,41 отсто од здравствените работници биле вакцинирани со првата доза, додека 57,85 проценти биле целосно вакцинирани.

Повеќето лекари биле вакцинирани со првата доза, 81,4 проценти, додека 76,69 проценти биле целосно вакцинирани, следени од стоматолозите – 66,74 проценти биле вакцинирани со една доза, а 61,69 проценти биле целосно вакцинирани.

Што се однесува до медицинските сестри и техничарите, ситуацијата останува загрижувачка, бидејќи 40,51 процент се уште не примиле ниту една доза од вакцината. Пациентите не можат да влезат во хрватските болници без потврда за вакцинација, дека го прележаче вирусот или без негативен тест за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари