Во Грција се запали автобус кој превезуваше ученици од Ниш

Од:

Вчера на автопатот меѓу Крф и Солун се запали автобусот кој превезуваше ученици од четврта година на Економското училиште во Ниш од Грција. Како што раскажуваат родителите, децата еден час биле на автопат откако најверојатно се запалила гумата на автобусот.

– По враќањето од екскурзија со матурантите на Економското училиште во Ниш, вчера околу 10 часот, по наше време, на пат од Крф кон Солун се запали автобус полн со ученици, па сите во паника скокнаа од автобусот за да се спасат од огромниот чад. Децата беа брзо евакуирани и се добро, но за малку ќе се случеше страшна несреќа. Во секој случај, важно е сите да се живи и здрави, но со спомени кои не сакаа да ги имаат од ова патување – потврди мајка на ученик кој патувал во автобусот.

Околу стотина ученици со два автобуса заминаа за Грција. Чадот и пожарот прва ги видела девојка од вториот автобус која се движела зад запалениот, додека самите ученици во спорниот автобус не почувствувале и не виделе ништо.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски