Во Грција потврдени шест случаи на варијантата Му, доминира Делта сојот

Од:

Во Грција се потврдени шест случаи на варијантата Му (B.1.621) на коронавирусот, за која Светската здравствена организација завчера соопшти дека го следи конкретниот нов сој, јави дописничката на МИА од Атина.

Од шесте случаи на варијантата Му, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, четири се увезени, а поконкретно два се откриени во областа Арголида и на атинскиот аеродром и по еден во центарот на Атина и областа Ахаија.

Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа, додека, пак, СЗО завчера прецизираше дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирусот.

Од новите потврдени мутации во Грција, доминантна е Делта со 899 нови случаи, односно 96,7 отсто од идентификуваните варијанти во земјата во изминатата седмица.

Во однос на новите случаи на Ковид-19, Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 2.840 новозаразени, починаа 33 лица, а 362 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе